Американската вселенска агенција НАСА го одложи лансирањето на роверот Perseverance на Марс, поради контаминација. Лансирањето беше планирано за 17 јули, па одложено за 20 јули, а сега 22 јули е новиот датум.
Роверот и малиот хеликоптер Ingenuity, сместен во неговата внатрешност, се спремни за лансирање, но ќе почекаат поради технички проблеми.
„Потребно е дополнително време да се реши проблемот со контаминација во линиите за поддршка“, соопштија од НАСА.
Агенцијата објави и фотографија од подготвениот ровер кој ќе биде лансиран од Кејп Канаверал на Флорида, со помош на ракетата Atlas V, објави CNET.