Во стилот на Робин Худ

Мистериозни хакери донираат украдени пари во хуманитарни цели

Хакерска група донира украдени пари во хуманитарни организации, со цел да го направат светот подобро место за живеење, пренесе BBC.

Darkside хакерите тврдат дека изнудиле милиони долари од компании, но со украдените пари сакаат да го направат светот „подобро место за живеење“. На нивниот блог тврдат дека со нивните ransomware напади за цел имаат само големи и профитабилни компании кои плаќаат откупнина за да се извлечат од нападите.

Во таа објава на dark web, хакерите приложија Bitcoin сметки на кои донирале пари за две добротворни организации, The Water Project и Children International.

Од организацијата Children International изјавија дека нема да ги задржат парите.

„Мислиме дека е фер дел од парите да одат во добротворни цели. Без разлика на тоа колку и да мислите дека правиме лошо, нам ни е драго да знаеме дека некому сме му помогнале“, напишале хакерите во објава на блог на 13 октомври.

Не се сите одушевени од идејата на овие хакери. Експертот за сајбер безбедност Брет Калоу вели дека не е јасно што се надеваат криминалците дека ќе постигнат со донирање, тој смета дека тоа им помага да го ублажат чувството поради тоа што го прават. Покрај тоа, тој смета дека постои можност ваквиот потег да е од егоистична природа, односно дека сакаат себеси да се претстават како модерен Робин Худ на 21 век.

Darkside е релативно нова хакерска група, на пазарат на криптовалути потврдуваат дека активно изнудуваат средства од жртвите, а постојат и докази за потенцијални врски со други сајбер криминални групи.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Интернет

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Read more

Дали Стив Џобс е заслужен за создавањето на TikTok?

Read more
 

Гик

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе