Млад прилепчанец по грешка убиен во текот на лов

Основното јавно обвинителство Прилеп поведе постапка против едно лице за кривично дело – Убиство од небрежност од член 126 од Кривичниот законик и на судијата на претходна постапка му предложи мерки за претплазливост. Лицето е осомничено дека од небрежност го застрелало 25-годишниот прилепчанец додека биле на лов.

Како што се наведува во соопштението од ЈОРМ, осомичениот, прилепчанец на возраст од 50 години, на 17 јануари оваа година околу 10:15 часот, во местото викано Отин, во близина на село Витолиште, Мариово, застрелал лице со кое заедно биле на лов на дивеч. Од повредите починал оштетениот, 25-годишен жител на Прилеп.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот издаде наредби за обезбедување на траги и предмети кои можат да послужат како доказ, како и наредба за обдукција врз телото на починатиот заради утврдување на причините за смртта.

Обвинителството до Судијата на претходна постапка при Основниот суд Прилеп поднесе предлог за определување мерки на претпазливост за осомничениот и тоа, обврска да се јавува еднаш неделно на службено лице во ОВР Прилеп и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање. 

реклама

Хроника

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Read more

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе