МНР информира за условите за патување во Грција од денеска до 24 мај

Министерството за надворешни работи информира дека грчката Влада донесе нова заедничка министерска одлука со која од денеска се укинуваат мерките за ограничување на копнените, воздушните и водните врски со трети држави, вклучително и државјани на Република Северна Македонија. Од денеска до 24 мај се дозволува влез во земјата под неколку услови.

– Сите патници кои влегуваат во земјата, независно од нивното државјанство, се должни да пополнат формулар ПЛФ (на веб-страницата travel.gov.gr), најмалку 24 часа пред датумот на влез. Пополнетиот ПЛФ формулар се смета за неопходен патнички документ за секој вид на влез во Хеленската Република (по копнен, воздушен и воден пат), се вели во соопштението. 

Од МНР наведуваат дека сите патници кои влегуваат во Грција, независно од нивното државјанство и начинот на влез, се должни да поседуваат сертификат за вакцинација на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, издаден од јавна установа, согласно домашното законодавство и да имаат доказ дека се поминати најмалку 14 дена од денот на нивната вакцинација против COVID-19. Сертификатот за вакцинација треба да содржи: име и презиме на лицето, како што е наведено во пасошот, видот на примената вакцина, бројот на примени дози и датумот на нивното примање.  Алтернативно, да имаат негативен резултат од PCR тест, не постар од 72 часа издаден од сертифицирани јавни или приватни лаборатории, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик.

Патниците алтернативно можат да остварат влез и со потврди дека прележале COVID-19, дијагностициран со позитивен ПЦР-тест или потврда за присуство на антитела со важност од два до 9 месеци од датум на дијагностицирањето на болеста. Потврдата треба да е издадена од јавна установа или од сертифицирани јавни или приватни лаборатории од согласно националното законодавство на земјата на пристигнување, на англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик. Овие обврски важат и за малолетни деца над пет години.

Документите, како што се наведува, мора да се презентираат пред соодветните грчки погранични органи или Генералниот секретаријат за цивилна заштита. Сите патници кои патуваат во Хеленската Република, независно од нивното државјанство и начинот на влез во земјата, ќе бидат подложени на rapid-тест на граничниот премин, врз основа на соодветен алгоритам и се должни за време на престојот во земјата да ги почитуваат вонредните мерки за спречување на ширењето на COVID-19, согласно претходните министерски одлуки. Лицата кои ќе бидат подложени на рапид тестови, остануваат на граничниот премин се до издавањето на резултатот од тестот. Против патниците кои ќе ги прекршат овие мерки, ќе бидат изречени соодветни законски санкции.

Од МНР посочуваат дека мерките важат при влезот на сите меѓународни аеродроми во земјата, пристаништата во Патра, Игуменица, Керкира, а граничните премини Промахонас и Ормениу се отворени 24 часа, а Евзони е отворен од 7:00 до 23:00 часот по грчко време.

– Авиокомпаниите и бродските компании, како и компаниите за патен и железнички транспорт се обврзани да го проверат патникот пред да тргне на пат за да потврдат дека ги има потребните документи опишани во член 3, а во случај на утврдени прекршувања имаат обврска да го вратат патникот на сопствен ризик и трошок. Оваа одлука ќе се применува за временскиот период од 14 мај 2021 година од 6:00 часот до 24 мај 2021 година и 6:00 часот, стои во соопштението од МНР.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more
 

Вести

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе