МНР со остра реакција на изјавата на Џамбазки

Министерството за надворешни работи вечерва реагираше и ги осуди изјавите на бугарскиот европратеник Ангел Џамбазки со кои го потсетува претседателот Стево Пендаровски како завршиле во минатото сите оние кои се обиделе да им забранат влез на лидери на ВМРО.

Од МНР информираат дека по дипломатски пат е известено и бугарското Министерство за надворешни работи.

– Во овој случај, Министерството ќе му препорача и на Претседателот да реагира соодветно до својот колега, претседателот Румен Радев, а за ова однесување известување и барање за оградување ќе биде побарано и од Претседателот на Европскиот парламент, се вели во реакцијата.

Заканите и изјавите за закани, како што се наведува во соопштението, се прашање со кое се занимаваат безбедносните органи. – Очекуваме тие сериозно да ги земат предвид последните изјави на Џамбазки и да донесат соодветна одлука за негов ограничен пристап во земјава, се наведува во реакцијата од МНР.

Бугарскиот европратеник Џамбазки на во видео-обраќање индиректно упати закани до претседателот Пендаровски.

– Што претставува за нас една таква забрана. Да му порачам на Стево Пендаровски, наречен Стево Коминтерната, дека во минатото и други се обидувале да им забранат влез на лидери на ВМРО во Македонија, а последниот таков пример е со југословенскиот, српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ, Ако се обидат да ни забранат влез во Македонија, нека погледнат во историјата и нека учат од неа, рече Џамбазки.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски за МИА посочија дека ставовите на претседателот биле дадени по седницата на Советот за безбедност и дека сега надлежностите се кај Владата.

– Во однос на прашањата, немаме дополнителен коментар. Ставовите на претседателот Пендаровски беа дадени по седницата на Советот за безбедност. За понатамошни чекори, надлежностите се кај Владата на Република Северна Македонија, се вели во одговорот од Кабинетот на претседателот.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе