Мобилни лекарски тимови ќе патролираат низ центарот на Скопје за помош од топлотен бран

Мобилни екипи составени од лекар или парамедик ќе патролираат низ Скопје, ќе делат вода и летоци со совети за заштита од топлото време, ќе мерат  притисок на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешките случаи ќе биде обезбеден и транспорт до најблиската медицинска установа или до домот на лицето, информира Црвениот крст на град Скопје за теренските активности за справување со евентуални топлински бранови.

Ангажирани ќе бидат 20 волонтери од Тимот за одговор при катастрофи, пет возила кои ќе патролират низ градот. Планирано е денеска и утре мобилните тимови да излезат на терен од 11 до 16 часот и да патролираат низ централното градско подрачје и на поголемите автобуски постојки. Активостите ќе продолжаат согласно прогнозите за високите температури.

Тимот за спасување на планина  при Црвен крст на град Скопје и оваа година активно се вклучува во активноститеза превенирање и намалување на штетите предизвикани од топлотниот бран и пожарите.

-Со пропаганден материјал волонтерите од тимот ќе влијаат на свеста на граѓаните и нивните навики кога се движат низ планинските предели и ќе бидат активни во давање совети како да се заштитат од топлотнитиот бран и да им укажат прва помош доколку е потребно, се наведува во соопштението.

Во наредните денови многу топло и нестабилно време

Следува период на многу топло време со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30°C. Поради зголемената влага во атмосферата ќе се има чувство дека температурата на воздухот е повисока за 1 до 2 степена, соопшти УХМР.

И покрај топлото време поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер.

И во Скопската Котлина следува период на многу топло време со високи минимални и дневни температури. До понеделник ќе има услови во попладневните и вечерните часови во делови од Скопската Котлина да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

УХМР и со препорака до граѓаните во случај на појава на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Македонија

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе