Можевме во Брисел да дојдеме како победници, Ковачевски ја обвини опозицијата дека го закочи патот кон ЕУ

Нашата единствена алтернатива е ЕУ, од европскиот пат нема да се откажеме и нема да отстапиме, изјави премиерот Димитар Ковачевски, на маргините од Самитот ЕУ-Западен Балкан кој се одржува во Брисел.

Премиерот изјави дека Самитот бил одлична можност на највисоко ниво да се зборува за заедничката европска иднина на земјите од Западен Балкан.

Ковачевски пред европските челници истакнал дека местото на Северна Македонија е во ЕУ и од тој процес не отстапуваме.

Тој ги имформирал колегите од земјите-членки на ЕУ за успешно завршениот процес на скрининг. Исто така, вели Ковачевски, од страна на ЕУ, на претставниците на Европската комисија, на претседателката било искажано задоволство од високото ниво на професионализам и подготвеност на сите наши членови на делегациите кои што учествуваа со своите 850 презентации на над 100 состаноци на скрининг процесот во текот на изминатата година и половина, во Брисел.

Сепак, вели Ковачевски, дека работната на Брисел можеше да изгледа сосема поинаку.

„Можевме да дојдеме и победнички, гласно и јасно да кажеме дека ние продолжуваме со отворање на поглавјата од сите кластери од преговорите со ЕУ и дека го продолжуваме нашиот евроинтеграциски пат. Но, се потврди дека единствен кочничар на државата е антиЕУ, антиНАТО и проруската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица. Нашите граѓани денес и конкретно можат да се уверат дека со овие политичари ќе бидат лишени од можноста забрзано да се приклучат на прогресивното европско семејство и можеа уште еднаш нашите граѓани да се уверат како изгледаше 2008 година. Тогаш беше во Букурешт, вчера и денес беше во Брисел. Свежи ни се сеќавањата на 11-те години владеење со лажен патриотизам, квазинационализам и популизам, што доведе до целосно заробена држава. Нека им служи на чест на овие партии и политичари, а на граѓаните да им служи на ум и сами да проценат кој за каква иднина за граѓаните и државата се бори“, рече Ковачевски.

Но, и покрај сето ова, вели премиерот, во Брисел за нашата држава имаше позитивни дискусии и натамошна поддршка од европските лидери за трасираниот пат на Северна Македонија кон Унијата. Тоа е многу јасно наведено и во заклучоците на ЕУ каде многу јасно е наведено дека Северна Македонија штом го исполни својот услов за спроведување на амандманите во уставот, веднаш ќе биде одржана втората меѓувладина конференција.

Remote video URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе