Мозокот може да претрпи штета и од еден алкохолен пијалак дневно

Еден пијалак на ден за жени и два за мажи генерално се смета за умерено консумирање алкохол, но дури и овие навидум мали количини може негативно да влијаат на мозокот, според новата студија на истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија.

Студијата објавена овој месец покажа дека луѓето кои пијат количина на алкохол еднаква на чаша вино или пиво дневно, во просек имаат малку помал мозок од оние кои не пијат алкохол.

Кога станува збор за типичен 50-годишник, на пример, навиката да ужива во една пијачка дневно го прави мозокот две години постар од мозокот на личност која не пие.

Студијата опфатила 36.678 средовечни луѓе. Авторите на студијата ги анализирале нивните мозоци со помош на магнетна резонанца.

Резултатите покажале дека поголемите количества алкохол имаат значително полошо влијание на мозокот, па така мозокот на луѓето кои пиеле два пијалаци дневно изгледал во просек 10 години постар од оние кои не пиеле.

Авторите на студијата велат дека ваквите резултати се загрижувачки. Дури и некои од научниците вклучени во студијата го намалија внесувањето алкохол, рече Реган Ветерил, еден од водачите на студијата.

Ведерил, асистент професор на Катедрата за психијатрија на Медицинскиот факултет Перелман на Универзитетот во Пенсилванија, вели дека таа самата го ограничила консумирањето алкохол на можеби една чаша за време на викендите.

„Ни беше кажано дека е безбедно да се консумираат умерени количини на алкохол, но сега гледаме дека има севкупен ефект врз мозокот дури и кога станува збор за само еден пијалак дневно“, вели Ветерил.

Луѓето кои учествуваа во истражувањето беа избрани од Biobank, една од најголемите и најпознатите биомедицински бази на податоци со седиште во ОК. Базата на податоци собира здравствени податоци на стотици илјади луѓе и се користи во илјадници студии ширум светот.

Неодамна, оваа база на податоци се користи во истражувањето за намалување на волуменот на мозокот кај луѓето кои преживеале COVID-19, но сè уште не е јасно колку се сериозни овие промени и дали се долготрајни.

Во една студија за консумирање алкохол, големината на примерокот им овозможи на истражувачите да откријат суптилни разлики што веројатно нема да се видат на помал примерок, рече Гидеон Нејв, друг водач на студијата.

„Податоците јасно укажуваат на намалување на обемот“, рече Нејв.

Сепак, некои експерти, кои не учествувале во оваа студија, предупредуваат дека разликите во големината на мозокот кај луѓето кои консумираат алкохол умерено не мора да значи дека ќе има забележлива разлика во функцијата на мозокот.

Ања Топивала, научник од Оксфорд, смета дека затоа треба да се спроведе дополнителна студија за да се анализираат когнитивните способности на испитаниците.

Друго ограничување на студијата е тоа што се заснова на субјективната проценка на испитаниците за нивното консумирање алкохол во претходната година, забележува психологот Кетрин Фортие, доцент на Медицинскиот факултет Харвард.

Таа смета дека резултатите од студијата би биле порелевантни доколку се процени консумацијата на алкохол во подолг временски период, односно во текот на животот. Сепак, Фортие смета дека резултатите од оваа студија се „извонредни“.

Некои помали претходни студии, истакна Фортие, сугерираа дека еден пијалaк дневно може да има корисен ефект врз мозокот, но истражувањето спроведено од Топивала и новата студија спроведена на Универзитетот во Пенсилванија покажуваат сосема различни резултати, истакна таа.

Експертите предупредуваат дека треба да се биде внимателен со студиите кои покажуваат како една чаша вино дневно позитивно влијае на кардиоваскуларното здравје. Американското здружение за срце предупредува дека научниците досега не докажале дека виното навистина има таков ефект.

Всушност, може да биде токму спротивното. Сигурно е дека единственото нешто е што хроничното консумирање алкохол предизвикува зголемување на крвниот притисок, како и зголемен ризик од некои форми на рак.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Здравје

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Read more

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Read more
 

Магазин

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Читај повеќе

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе