Мозокот на жените доживува структурални промени за време на менструацијата

Напливот на хормони што стои зад менструалниот циклус не влијае само на репродуктивната анатомија - тие исто така го преобликуваат мозокот.

Научници од САД следеле 30 жени за време на менструалниот циклус и детално ги документирале структурните промени кои настануваат во мозокот при промената на хормоналниот профил.

Наодите покажуваат дека структурните промени во мозокот за време на менструацијата најверојатно не се ограничени на регионите поврзани со менструалниот циклус.

„Ова се првите резултати за истовремени промени во микроструктурата на церебралната бела материја и дебелината на церебралниот кортекс што се совпаѓаат со хормоналните ритми на менструалниот циклус“, пишуваат научниците.

Тие откриле дека микроструктурата на белата маса, густата мрежа на невронски влакна кои пренесуваат информации помеѓу регионите на сивата материја, се менува со хормоналните промени, вклучително и пубертетот, употребата на орални контрацептиви и хормонска терапија, пишува Science Alert.

Како што флуктуираат хормоните, волуменот на сивата и белата материја исто така се менува

Научниците спроведоа магнетна резонанца на испитаниците за време на три менструални фази: менструација, овулација и средна лутеална фаза. Тие го мереле и нивото на хормоните. Резултатите покажаа дека како што флуктуираат хормоните, волуменот на сивата и белата материја, како и волуменот на цереброспиналната течност се менуваат.

Конкретно, непосредно пред овулацијата, кај испитаниците е забележана промена на белата маса, што укажува на побрзо пренесување на информации. Хормонот за стимулирање на фоликулите, кој се зголемува пред овулацијата и помага во стимулирање на фоликулите на јајниците, беше поврзан со погуста сива материја. Прогестеронот, чие ниво се зголемува по овулацијата, е поврзан со зголемување на ткивото и намален волумен на цереброспиналната течност.

Објаснување за ПМС?

Сè уште не е познато како овие промени конкретно влијаат на функцијата на мозокот, но ова истражување може да помогне да се расветли механизмот зад предменструалниот синдром (ПМС), збир на симптоми кои се појавуваат циклично кај жените во зависност од фазите на менструалниот циклус во форма на психолошки и физички поплаки.

Истражувањето Menstrual cycle-driven hormone concentrations co-fluctuate with white and grey matter architecture changes across the whole brain можете да го прочитате ТУКА.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Наука

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе