МВР го демантира Мицкоски: Уапсеното лице кое пукаше кај Скендербег не е вработено во МВР

Министерството за внатрешни работи во синоќешното соопштение го демантира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој во интервју за српската телевизија Прва вели дека уапсеното лице кое пукаше со пиштол при инцидентот на плоштадот „Скендербег“ било вработено во МВР.

– Министерството за внатрешни работи најостро и категорично ги демантира лагите кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги изнесе на српската телевизија Прва, дека уапсеното лице кое пукаше со пиштол при инцидентот на плоштадот „Скендербег“ било вработено во МВР, се наведува во соопштението од Министерството.

Како што МВР веќе информираше, во врска со случајот, како што нагласуваат оттаму, со брза реакција на полицијата веднаш беше приведен Е.Ј. (40) од Скопје, со што беше избегнат поголем инцидент. Предметниот пиштол му е одземен и вештачен, обезбедени се сите докази против него, а до ОЈО е поднесена кривична пријава по брза постапка за кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво по член 288 од Кривичниот законик. Притоа, во соработка со ОЈО Скопје од страна на Судија на претходна постапка, против Е.Ј. е определена мерка притвор.

– Македонските медиуми го идентификуваа лицето и внимателно го следеа развојот на настаните, па обидите на Мицкоски за пласирање на лаги и дезинформации се сега насочени кон медиумите од другите држави, се наведува во соопштението.

Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова Министерство.

реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе