МЗ: 67% од новите случаи и 85% од хоспитализираните со COVID-19 се невакцинирани

Скопје, 24 декември 2021 (МИА) – Од 6 август заклучно со вчерашниот ден на територија на државата вкупно 66.857 граѓани се позитивни, од тестирани на COVID-19. Од нив 33 проценти биле целосно вакцинирани, односно 21.806 лица.

Според статистика на Министерството за здравство за изминативе недели, 45.051, граѓани, односно 67 отсто од позитивните на COVID-19 не биле вакцинирани.

За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

Од Министерството соопштија дека е голем бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со COVID-19. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 85 отсто, додека само 15 отсто од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани.

-Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6 август до 23 декември на територија на државата починале 2.362 лица со COVID-19, 1.850 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 21 процент примиле вакцина, соопштија од МЗ.

Според анализите, починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Модерна и Џонсон.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, и апелира до граѓаните да се вакцинираат. Само така, како што посочија, ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARS-CoV-2.

реклама

Македонија

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Read more

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Read more

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Read more

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе