МЗ: Дури 98 отсто од хоспитализираните со COVID-19 не биле вакцинирани

Во периодот од 6 август до 16 декември на територија на државата како позитивни на COVID-19 се тестирани 64.963 граѓани, од кои 20.894 или 32 отсто биле целосно вакцинирани, покажува денеска објавената анализа на вакцинирани на Министерството за здравство.

– Според статистика за изминативе недели, 44.069 граѓани, односно 67 отсто од позитивните на COVID-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 98 отсто, додека само 2 проценти од сите моментно хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани, се наведува во анализата, каде се посочува дека за вакцинирани се сметаат лицата кои се примиле две дози вакцини и поминале најмалку 14 дена од примање на втората доза.

Смртноста кај невакцинираните, пак, е драстично поголема.

– Во период од 6.08 до 16.12.2021 на територија на државата починале 2272 лица со COVID-19, од кои 1790 пациенти не биле вакцинирани, а само 21 отсто примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Пациентите биле вакцинирани со сите типови вакцини кои ги има на располагање кај нас, како и пациенти кои се вакцинирале во странство со вакцини на Moderna и Johnson & Johnson, покажува анализата.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, нагласувајќи дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна.

– Апелираме граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на SARS-CoV-2, посочува Министерството за здравство. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе