МЗ: Почнаа преговорите со производителот на лекот „Молнупиравир“

Почнаа преговорите со производителот на лекот „Молнупиравир“, информираа за МИА од Министерството за здравство од каде посочија дека навремено ќе информираат во врска со набавката на лекот.

Лекот „Молнупиравир“ е во форма на таблета и може да го примаат сите пациенти кои се позитивни на COVID-19. Лекот се дава во првите пет дена од дијагностицирање на вирусот, а досегашните клинички испитувања покажуваат дека хоспитализацијата со овој лек е намалена за 50 отсто, посочија од Министерството.

Во врска со тоа дали се планира воведување нови мерки, бидејќи е во пораст бројот на активни ковид случаи, од Министерството истакнаа дека Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје ја следат епидемиолошката состојба во државата и на основа на тоа носат препораки со цел спречување на ширење на COVID-19.

-Според податоците од анализите што ги прават епидемиолозите од ИЈЗ, во изминатава седмица не е забележано рапидно зголемување на позитивни од тестирани на COVID-19. Од регистрираните нови позитивни случаи од 32 града во државата, забележано е зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Најголем дел од новозаразените се од Скопје. Нема притисок и во болниците. На територијата на цела држава во ковид – центрите хоспитализирани се вкупно 423 пациенти со COVID-19. Засега нема нови предлози и препораки од Комисијата за заразни болести за заштита од COVID-19, информираат за МИА од Министерството. 

Повеќе за лекот Молнупиравир може да прочитате овде.

Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Македонија

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Read more

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Read more

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе