Неискористените вакцини против COVID-19 кои беа донација од Република Бугарија, поради истекот на рокот ќе бидат уништени како медицински отпад, потврдија од Министерството за здравство.
– Тринаесет илјади дози вакцини против COVID-19, кои нашата земја ги доби како донација од Република Бугарија, денеска се повлечени од употреба поради истекот на рокот. Согласно законските процедури, вакцините ќе бидат уништени како медицински отпад, наведуваат од МЗ за МИА.
Донацијата од 51.480 дози од вакцината Pfizer од Република Бугарија во земјава пристигна на 16 септември, со рок на употреба кој истекува на 30 септември.