МЗ: Смртноста на предвреме родените бебиња намалена од 26 на 8%

Скопје, 17 ноември 2021 (МИА) – Министерството за здравство соопшти дека една од главните негови заложби во изминатите години било унапредување на условите, вложување во модерна опрема и обуки на Клиниката за гинекологија и акушерство и таа заложба ја претвориле во ефикасна стратегија која за само пет години даде фантастични резултати и ги унапреди условите за родилките и обезбеди врвна нега за новороденчињата.

Како директна последица на постојано унапредување на условите и модернизација на Клиниката, од 2016 до 2021 година успеавме да ја намалиме смртноста кај предвреме родените бебиња од 26 отсто на само 8 отсто со тенденција овој процент и понатаму да паѓа. Континуираната обука и унапредување на персоналот и силните инвестиции во модерна апаратура се клучот за успех и квалитетна работа на оваа Клиника, информираат од Министерството.

Во изминатиот период набавивме 15 модерни инкубатори, нешто што недостигаше на Клиниката но и низа други апарати и опрема, како микроскопи, системи за деминерализација, респираторни машини, подвижни протокомери за кислород и друга опрема. Оваа опрема беше нужна да се понуди најдобрата услуга, а со тоа и да се спасат што е можно повеќе млади животи. Денес ГАК располага со врвна апаратура, знаење и мотивиран персонал кој работи по светски стандарди.

На денот на предвреме новородените деца, Министерството порачува дека превенцијата, навремените прегледи и грижата за сопственото здравје на трудниците се клучот за стабилна бременост и зачувување на здравјето на бебињата. Министерството ќе продолжи да вложува и да го унапредува одделот за Гинекологија и акушерство со цел врвна услуга, многу спасени млади животи и европски стандарди во македонското здравство, стои во соопштението.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Македонија

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Read more

Закана по животот на Кацарска: Нашла импровизиран кревет и забоден нож пред гаражата

Read more

Вработените на Токсикологија во одбрана на Беќаровски: „Зад обвинувањата стојат лица што не се вработени на клиниката“

Read more

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more
 

Вести

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Читај повеќе
  • play_arrow

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Читај повеќе

Трамп ја прифати поканата на Бајден за телевизиска дебата

Читај повеќе

Се очекува промена во Законот за семејство по пресудата за Митровска која ги бараше биолошките родители

Читај повеќе
  • play_arrow

Први снимки по обидот за убиство врз премиерот на Словачка

Читај повеќе

Путин објасни зошто пропаднале мировните преговори со Украина

Читај повеќе

Грчки пратеник го искина Преспанскиот договор од говорницата во собранието

Читај повеќе

Атентат врз премиерот на Словачка, се бори за живот

Читај повеќе

Која е цената што Си Ѓинпинг е подготвен да ја плати за војната на Путин?

Читај повеќе