На Борис Џонсон му е забранет влез во Русија

Руските власти денеска соопштија на британскиот премиер Борис Џонсон и на неколку британски високи функционери им е забранет влез во Русија како одговор на британските санкции воведени кон Москва поради војната во Украина.

– Овој чекор беше преземен како одговор на претераната медиумска и политичка кампања насочена кон меѓународна изолација на Русија и создавање услови за кочење на нашата земја и задушување на националната економија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Министерството ги осуди британските „непријателски дејствија без преседан“, особено санкциите против високи руски функционери.

– Британската Влада намерно се обидува да ја влоши ситуацијата околу Украина со снабдување на режимот во Киев со смртоносно оружје и координирање на слични напори во име на НАТО, се додава во соопштението.

Покрај Џонсон, на руската „црна листа“ се и вицепремиерот Доминик Раб, министерката за надворешни работи Лиз Трус, министерот за одбрана Бен Валас, поранешната премиерка Тереза Меј и прeмиерката на Шкотска Никола Старџен.

реклама

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе