На инфективните одделенија се лекуваат 1.000 пациенти со COVID-19

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 1.000 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Како што соопшти Министерството за здравство, вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.687 и има околу 340 празни болнички кревети во ковид-центрите.

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 73 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 687 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Како што соопшти Министерството за здравство, во последното деноноќие на Интерните и хируршки клиники имало 26 приеми.

Во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ во Скопје имало 18 примени пациенти и 16 биле примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени двајца нови болни и 9 пациенти биле примени на Клиниката за детски болести. На Институтот за физикална медицина не се примени пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид-центрите на Интерните и на хируршките клиники се лекуваат 315 пациенти.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 139 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 150 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти. На Клиниката за детски болести има 9 деца позитивни на COVID-19, а на ГАК има 9 позитивни пациентки. Во Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 40 болни.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 134 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 75 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 101 болни, а во Куманово 100 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 110 пациенти, во Прилеп 129, во ковид-центарот во Гостивар 37, а во Струга 22 болен. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 99 пациенти, во Кочани 26 во Кичево 34, Кавадарци 68, а во Гевгелија 21 лице позитивно и суспектно на коронавирусот.

Од Министерството за здравство напоменуваат дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

4 мај 1903, загина македонскиот револуционер Гоце Делчев

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе