На инфективните одделенија во државава се лекуваат 916 пациенти со COVID-19

На инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови се лекуваат 916 пациенти со COVID-19 и има околу 280 празни болнички кревети во ковид –  центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 28 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 350 лица сомнителни и потврдени за COVID-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 566 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во последното деноноќие, во Скопје на Интерните клиники имало 10 приеми. Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени четири пациенти, 10 се примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени четири пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 23 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 27 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 55 пациенти со симтоми на коронавирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 126 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 25 пациенти. На ГАК има пет хоспитализирани ковид позитивни пациентки.

Бројот на приеми во изминативе денови е зголемен и изутрината до 8 часот имало 22 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 44 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 19 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 92 пациенти позитивни и суспектни на COVID-19. Во ковид – центарот во Охрид се хоспитализирани 63 пациенти, во Прилеп 75, во ковид –  центарот во Гостивар 20, а во Струга 15 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 36 пациенти, во Кочани осум, во Кичево 11, Кавадарци 76, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на коронавирусот.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла. Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени, стои во соопштението. 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more
 

Вести

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе