На кого му следуваат 6.000 денари од четвртиот пакет мерки на Владата?

Собранието во саботата го усвои Законот за финансиска поддршка на ранливата категорија граѓани според кој, граѓаните со низок доход ќе добијат еднократна финансиска поддршка од 6.000 денари по лице.

Помошта е дел од Владината програма П1-Мерки за справување со коронакризата и е наменета за купување македонски производи и услуги.

Меѓу оние кои ќе добијат еднократна помош во висина од 6.000 денари се 5.726 самохрани родители, 182.271 пензионер со пензии до 15.000 денари, 85.108 невработени кои се пасивни баратели на работа, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници. Опфатени се и оние граѓани кои се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. Со тоа, оваа мерка опфаќа на 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра.

„Финансиската поддршка ќе се распределува преку банка во коjа физичкото лице има постоечка трансакциска сметка и која во рок од пет дена од денот на влегување во сила на овој закон потпишала договор со Владата. Конечната листа на корисници на финансиска поддршка со податок за име и презиме на корисникот и банката во која ја поседува трансакциската сметка, Генералниот секретаријат на Владата на Република Северна Македонија ја објавува на www.kupuvamdomasno.gov.mk,  во рок од осум дена од денот на влегување во сила на овој закон, а за самохраните родители на кои статусот го утврдува центарот за социјална работа, во рок од дваесет дена од денот на влегување во сила на овој закон“, објави SDK.mk.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Македонија

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе