На Волстрит се тргува внимателно

На Волстрит, берзанските индекси останаа главно непроменети во четвртокот, бидејќи инвеститорите останаа внимателни пред објавувањето на извештајот за работни места во САД, што може да има значително влијание врз насоката на пазарот.

Dow Jones загуби 0,03 отсто, на 33.119 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,13 отсто, на 4.258 поени, а индексот Nasdaq 0,12 отсто, на 13.219 поени.

По растот од претходниот ден, индексите најголем дел од вчерашното тргување го поминаа на негативна територија. Инвеститорите се склони кон ризик бидејќи денеска треба да се објави септемврискиот извештај за вработување во САД.

Во анкетата на Reuters, аналитичарите проценуваат дека во тој месец бројот на вработени се зголемил за 170.000, помалку отколку во август кога растот бил 187.000.

Овој извештај би можел да има значајно влијание врз насоката на пазарот бидејќи може да влијае на очекувањата во однос на понатамошниот развој на каматните стапки.

Лидерите на американската централна банка во последните недели повторуваат дека е можно уште едно зголемување на клучните каматни стапки до крајот на годината и дека цената на парите би можела да остане на покачени нивоа подолг период од првично очекуваното поради високата инфлација.

Вчера, Мери Дејли, претседател на филијалата на ФЕД во Сан Франциско, рече дека ФЕД можеби нема да има потреба дополнително да ги зголемува каматните стапки, со оглед на тоа што монетарната политика е добро во тесната зона и дека приносите на обврзниците се зголемени.

Внимателно вчера се тргуваше и на европските берзи. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,53 отсто, на 7.451 поен, а париски CAC се зголеми за 0,02 отсто, на 6.998 поени. Франкфуртски DAX ослабе, пак, за 0,20 отсто, на 15.070 поени.

Тагови
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Бизнис

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Read more

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Read more

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Read more

Втора Т Бизнис конференција на Македонски Телеком

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе