Над 30% од семејствата во Македонија се брачни парови без деца

Во Македонија има вкупно 538.348 семејства, од кои 62 проценти живеат во урбана, а 38 проценти во рурална средина.

Според семејниот состав најмногу – 43 проценти од нив се брачните парови со најмалку едно дете под 25 години што живее со нив, додека 31 процент се брачни парови без деца, покажува четвртиот сет на податоци од Пописот на населението, домаќинствата и становите 2021, објавен денеска од Државниот завод за статистика.

Над 26.000 семејства или 4,9 проценти од семејствата се сама мајка со најмалку едно дете под 25 години, а над 9.000 семејства или 1,7 проценти се сам татко со најмалку едно дете под 25 години.

Над 10 проценти или околу 58.000 семејства се брачни парови со најмладо дете на 25 години или постаро што живеe со нив.

Вкупниот бројот на индивидуалните домаќинства изнесува 598.632, а просечниот број на членови во домаќинствата изнесува 3,1.

Според бројот на членови во индивидуалните домаќинства, 468.336 лица или 25,5 проценти живеат во четиричлени домаќинства, додека бројот на лица во самечки домаќинства изнесува 103.237 или 5,6 проценти.

Бројот на населените станови во земјава, според податоците од Пописот 2021 изнесува 531.987 или 63,4 проценти од вкупниот број на станови.

Тагови
реклама

Македонија

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Read more
 

Вести

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Читај повеќе

Апасиев: Максо глуми АСНОМ, а гласаше АСНОМ да биде избришан

Читај повеќе

Променливо облачно и топло, попладне краткотраен пороен дожд

Читај повеќе