Надворешната политика на Бајден: Цврст став кон Русија, Кина најголем ривал

Американскиот претседател Џо Бајден вчера вети дека ќе се спротивстави на авторитаризмот на Кина и Русија и најави дека ќе го прекине пристапот што неговиот претходник Доналд Трамп го имаше кон Москва.

САД мора „да се соочат со напредувањето на авторитаризмот, особено со растечките амбиции на Кина и намерите на Русија да ја ослабне нашата демократија“, рече американскиот претседател во говорот за време на неговата прва посета на Стејт департментот.

„Му објаснив на претседателот Путин, на многу поинаков начин од мојот претходник, дека помина времето кога Соединетите Американски Држави се покоруваа на агресивните потези на Русија“, додаде тој.

Кина најсериозен ривал

Тој ја нарече Кина најсериозен ривал, но истакна дека САД ќе соработуваат со Пекинг кога тоа е во американски интерес.

„Ќе се спротивставиме на кинеското кршење на економските правила, човековите права, интелектуалната сопственост и потрагата по глобално влијание“, рече тој.

„Но, ние сме подготвени да работиме со Пекинг, кога тоа е во интерес на Америка.“

Повика на крај на војната во Јемен

Бајден повика на крај на војната во Јемен и најави крај на „поддршката“ за продажбата на оружје од САД на воената коалиција предводена од Саудиска Арабија во таа земја.

„Ги засилуваме дипломатските напори за ставање крај на војната во Јемен, војна што предизвика хуманитарна и стратешка катастрофа“, рече тој. „Таа војна мора да престане“, нагласи тој.

„За да ја потенцираме нашата решителност, ние ја прекинуваме целата поддршка на САД за офанзивните операции во војната во Јемен, вклучително и продажбата на оружје“, додаде тој.

Ги повика генералите во Мјанмар да се откажат од власта

Бајден исто така ги повика генералите на Мјанмар, кои ја соборија цивилната влада на Аунг Сан Су Ќи, „безусловно да се откажат од власта“.

„Војската на Мјанмар мора да се откаже од преземената моќ“, рече Бајден неколку часа откако Белата куќа објави дека разгледува „насочени санкции“ против воените претставници кои го извршија пучот.

САД ќе примат осумпати повеќе бегалци

Претседателот Бајден објави дека има намера да го удвои бројот на бегалци што САД ќе ги примат во однос на нивното историски најниско ниво наметнато од Доналд Трамп на крајот на неговиот мандат.

Во согласност со предизборното ветување, новиот претседател на САД одреди годишна квота од 125.000 бегалци кои ќе можат да дојдат во САД како дел од програмата за раселување, во споредба со 15.000 за тековната буџетска година.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе