Најавен состанок на Комисијата за заразни болести поради зголемениот број на заразени

За 45% е зголемен бројот на активни случаи на COVID-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со коронавирусот во државата.

Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1.365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на COVID-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Од вкупно 2.309 активни случаи, најголем број се од Скопје – 1.231 или 50% од бројот на активните случаи се во главниот град. Во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против COVID-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината Pfizer или Moderna. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку 4 месеци.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на COVID-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9 337.

 

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше вчера Светската здравствена организација (СЗО).

– Минатата недела во светот се потврдени 5,7 милиони нови случаи, што претставува пораст од шест отсто. Починати се 9.800 пациенти, колку и претходната седмица, се наведува во неделниот извештај на СЗО за пандемијата од Ковид-19.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус порача дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе