Најлошиот шеф досега: Отпушти 900 работници преку Zoom повик

Извршниот директор на компанијата Better.com, Вишал Гарг, отпушти околу 900 работници во еден Zoom повик, пренесe CNN.

„Доколку сте во овој повик тогаш сте дел од несреќната група којашто е отпуштена“, соопшти директорот на хипотекарната компанија во текот на Zoom повик кој подоцна беше објавен на социјалните мрежи.

Јавноста го критикуваше неговиот потег, нарекувајќи го како „груб“ и „студен“ и „ужасен чин“, особено пред Божиќ.

„Последниот пат кога го направив ова, плачев. Би сакал да ви соопштам поинакви вести, сакам да сме успешни“, изјави директорот.

Гарг вели дека отказите се резултат на перформансот и продуктивноста на работниците, како и промените на пазарот. Подоцна е објавено дека ги обвинил работниците дека „крадат“ од своите колеги и клиенти така што се непродуктивни и работат само два часа дневно. Тој отпушти 15% од работната сила во неговата фирма. Гарг им кажа на отпуштените работници дека ќе бидат контактирани од службата за човечки ресурси.

Не ја спомена финансиската инјекција од 750 милиони долари што компанијата ја доби од јапонската групација Softbank минатата недела. Овој извршен директор и претходно беше вмешан во контроверзии што може да се види од мејлови објавени од Forbes.

„Вие сте премногу бавни. Вие сте група глупави делфини, така што престанете. Престанете! Престанете веднаш! Ме срамите“, стои во еден од мејловите.

Главниот финансиски директор Кевин Рајан изјави дека е тешко да се отпуштаат луѓе, особено во овој период од годината, но додаде дека намалувањето на работна сила е неопходно поради радикалните промени на пазарот.

Remote video URL
Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе