Најмалку 16 загинати и 60 повредени во нападот на аеродромот во Јемен

Најмалку 16 лица загинаа, а околу 60 се повредени во денешните експлозии на аеродромот во градот Аден, во моментот кога слетувал авионот со членовите на новата јеменска Влада на национално единство.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Според видеата што се лиферуваат на социјалните мрежи, а на кои се гледа како министрите излегуваат од авионот, никој од нив не е повреден.

Министерот за комуникации Нагиб ал-Авг, кој бил во авионот, за американските медиуми изјави дека слушнал две експлозии и дека претпоставува дека станува збор за напад со беспилотни летала.

Друг владин претставник кажа дека во нападот се убиени најмалку 16 лица, а околу 60 се повредени.

Remote video URL

Специјалниот пратеник на ОН за Јемен, Мартин Грифитс, нападот го оцени како „неприфатлив чин на насилство“.

Новите министри се враќаа во Аден по заклетвата што ја дадоа минатата недела по реконструкцијата на Владата, откако се постигна договор со бунтовниците во Јужен Јемен.

Меѓународно признаената Влада на Јемен главно работеше од Ријад, каде замина по сопствена иницијатива во 2015 година поради граѓанската војна во земјата.

реклама

Кој е најбрзиот начин без лекови да го спуштите високиот крвен притисок?

Read more

Зошто никој не сака да војува против Швајцарија?

Read more

Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава

Read more

Рафална сончева бура оди кон Земјата, издадено предупредување невидено скоро 20 години

Read more

Свет

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Read more

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Read more

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Read more

Автобус падна в река во Санкт-Петербург, има загинати

Read more
 

Вести

11 претстави обединети под концептот „Ново читање“ на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“

Читај повеќе

Силјановска-Давкова на нејзиниот роденден го доби Уверението за претседател

Читај повеќе

Масовни гробници најдени во Газа, Советот за безбедност на ОН бара истрага

Читај повеќе

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромни поплави во Бразил, бројот на жртви се зголемува

Читај повеќе

Путин на рускиот премиер му додели уште еден мандат

Читај повеќе

Променливо облачно и потопло време со сончеви периоди

Читај повеќе

Силјановска Давкова за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Читај повеќе

Боки 13 за операцијата Бумеранг: Поднесе кривични против Заев, Спасовски, Рускоска

Читај повеќе