Најмногу дезинформации за COVID-19 граѓаните читаат на Facebook

Скопје, 5 јануари 2021 (МИА) – Вкупно 64 отсто од граѓаните сметаат дека медиумите известуваат професионално и непристрасно за време на пандемијата со COVID-19.

Медиуми во кои најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации се социјалните медиуми – дури 28,8 отсто и тоа најмногу на Facebook, но и на телевизиските канали – 26,8 отсто.

Ова го покажува истражувањето спроведено од Македонскиот институт за медиуми (МИМ), во соработка со агенцијата М-Проспект, во врска со ставовите на граѓаните за медиумското известување во текот на пандемијата со COVID-19.

Истражувањето е спроведено телефонски, од 14 до 20 декември 2020 година, на случаен примерок од 1.003 испитаници.

Според нивните одговори, секој четврти испитаник или 25 отсто, целосно се согласува со оваа изјава, 39 отсто донекаде се согласуваат, 21,8 отсто донекaде не се согласуваат, а 13,6 отсто вооопшто не се согласуваат. Кумулативно земено, процентот на оние кои сметаат дека се известувало професионално и непристрасно е 64,1 осто и е поголем од оние кои не се согласуваат со тоа и изнесува 35,4 отсто.

Анализата на одговори покажува дека согласноста за професионално и непристрасно известување расте со возраста.

Според истражувањето, 19 отсто од возрасната група од 18 до 29 години целосно се согласуваат со изјавата дека медиумите за време на пандемијата со COVID-19 известуваат професионално и непристрасно, кај возрасната група од 30 до 64 години овој процент се движи од 22 до 23 отсто, додека над 65 години е повисок и изнесува 36 отсто од испитаниците. Скоро секој трет етнички Македонец, односно 29,4 отсто целосно се согласува со оваа констатација, наспроти 13,3 отсто од испитаниците етнички Албанци.

Како медиуми каде најчесто се забележани дезинформации и погрешни информации, испитаниците најчесто ги спомнуваат социјалните медиуми, 28,8 отсто и телевизиските канали 26,8 отсто.

Според анализата, речиси 19 отсто од испитаниците одговориле дека забележале дезинформации и мисинформации на интернет порталите, 8,7 отсто во печатените медиуми, а околу четири отсто на радиото. 12 отсто не забележале дезинформации и мисинформации.

– Забележливо е дека помладите генерации од 18 до 39 години повеќе ги истакнуваат социјалните медиуми и порталите како типови на медиуми на кои забележале дезинформации и мисинформации, наспроти постарите, особено оние над 50 години, кои повеќе ја истакнуваат телевизијата како извор на дезинформации и мисинформации, соопшти МИМ.

Од оние кои ги посочиле социјалните медиуми како извор на дезинформации и мисинформации, најголем процент 84,5 отсто го посочиле Facebook, 7,6 отсто YouTube, а 5,8 отсто социјалната мрежа Twitter.

Аналазита покажува дека погрешните, непотврдени информации и дезинформации е тоа што 39,7 отсто од испитаниците го посочиле дека им пречи во начинот на новинарското известување.

Ова истражување е направено во рамки на проектот „Писменост за вести и дигитална писменост – Справување со лажните вести“ што го спроведуваат Македонскиот институт за медиуми, Институтот за комуникациски студии, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Институтот за медиуми и различности од Лондон, со финансиска поддршка од Европската Унија.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе