Најсреќната дестинација во светот е и најевтина за патување

Британски The Post Office веќе 16 години по ред составува листа на европски градови кои нудат најдобра вредност за парите.

Деновиве е објавена нова листа за 2023 година, која споредува 35 европски градови и открива кои се најисплатливите европски дестинации.

Годинава тоа е португалската метропола Лисабон.

Тимот на The Post Office ја пресметува и споредува просечната цена на викенд престој во градот за две ноќевања во хотели со три ѕвезди. На тоа додадете ја цената на некои врвни туристички атракции, разгледување со туристички автобус, цената на јавниот превоз и храната и пијалаците.

Лисабон е вистинското место ова лето доколку сакате да поминете неверојатен мини одмор или продолжен викенд во град без да потрошите многу пари.

Remote video URL

Ова место за одмор се најде на врвот на листата на најевтините градски одмори во Европа, што е поттик за туристите, кои веќе доаѓаат во Лисабон за неговиот светски познат ноќен живот, прекрасните плажи и вкусната храна.

Од туристичка перспектива, цените во португалската престолнина во голема мера не се засегнати од инфлацијата и кризата на трошоците за живот, кои се зголемени за само 2% во споредба со минатото лето.

Две ноќевања во хотел со три ѕвезди во просек изнесуваат околу 140 евра, што е само 5% повисоко од 2022 година, во споредба со зголемувањето на цената од над 3% во секој друг анкетиран град. Всушност, цените во Лисабон беа помалку од една третина од оние во најскапите европски градови како Венеција и Амстердам.

Лисабон е одлично место за посета од повеќе причини. Градот е лоциран на нерамен пејзаж на западниот брег на земјата, обезбедувајќи многу разновидни и одлични погледи. Се вели дека е еден од најстарите градови во светот, а според легендата, го основал Улис при неговото враќање од Тројанската војна.

Титулата за најскап град во Европа ја понесе Амстердам каде за викенд треба да се издвојат 835 евра, а меѓу најскапите се Париз, Венеција, Женева, Белфаст и Лондон. Дубровник во Хрватска го зазеде првото место на листата на градови со најскапи билети за културно-историски знаменитости.

Листа на најисплатливи европски градови во 2023 година, почнувајќи од најевтините:

Лисабон (Португалија)
Вилнус (Литванија)
Краков (Полска)
Атина (Грција)
Рига (Латвија)
Порто (Португалија)
Загреб (Хрватска)
Будимпешта (Унгарија)
Варшава (Полска)
Лил (Франција)

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Живот

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе