Најстарата жена во светот го победи Ковид, утре полни 117 години

Најстарата жителка на Европа и најстара жена во светот, калуѓерката Андре, се опорави од COVID-19 и оваа недела ќе го прослави својот 117-ти роденден.

Лусил Рандон, која го добила името сестра Андре кога се приклучила на католичкиот хуманитарен ред во 1944 година, живее во центарот за геронтологија во Тулон на југот на Франција.

Тестот на 16 јануари покажа дека е позитивна на коронавирус, по што се изолираше од другите штитеници во домот, но не покажа никакви симптоми, пренесува Reuters.

На прашањето од телевизијата BFM дали е исплашена, таа одговори: "Не, не се плашев затоа што не се плашам да умрам. Среќна сум што сум со вас, но би сакала да бидам на друго место, да му се придружам на брат ми, моите баби и дедовци“.

Портпаролот на домот за стари лица во Сент Кетрин Лабур, Давид Тавела, изјави дека Андре се чувствува добро.

„Сметаме дека е излечена. Таа е спокојна и со нетрпение очекува да го прослави својот 117-ти роденден во четврток“, рече тој.

Тој исто така рече дека сестрата Андре, која е слепа, но полна со дух, ќе го прослави својот роденден со мала група штитеници во домот, поради ризик од инфекција. „Таа е многу среќна“, додаде тој.

Сестра Андре, родена на 11 февруари 1904 година, е втора најстара жива личност во светот. Најстариот е Јапонецот Кане Танака, кој на 2 јануари наполни 118 години. Дваесетте најстари живи луѓе во светот се жени.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Чек дис аут

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Read more

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе