Најстарото дете во семејството е и најпаметно, вели науката

Ако сте најмладо или средно дете во семејството, подгответе се за непријатна вест – вашиот најстар брат или сестра веројатно се во право кога се фалат дека се најпаметни. Барем така вели науката.

Истражување објавено во Journal of Human Resources покажа дека првородените деца се многу подобри во когнитивни тестови од нивните браќа и сестри и тоа уште во најраното детство. Исто така се подобри кога станува збор за успех во училиштето и интелектуален успех, а сето тоа е резултат од вложувањата на родителите.

„Кога ќе го добијат првото дете родителите се стремат работите да ги прават на правилен начин и со самото тоа имаат поголема свест за нивната интеракција со првородените деца и вложувањата во нив. Со секое следно дете родителите се повеќе се опуштаат и обрнуваат помалку внимание на работите кои не се основна грижа“, објаснува Жи-Јеон Леман.

По првото дете родителите се порелаксирани

Иако родителите ги сакаат сите деца еднакво, првородените добиваат најмногу внимание кога станува збор за ментална стимулација. Освен тоа, првото дете со никој не треба да го дели вниманието и времето на родителите.

Експертите потврдуваат дека родителите околу првото дете вложуваат најголем труд бидејќи не знаат што ги чека, а притисокот од околината е огромен.

Кога родителите успешно го одгледуваат првото дете, со останатите деца се загрижени за други предизвици, на пример како да посветат еднакво време и внимание на помалото дете и слично.

Истражувањето покажало дека родителите минуваат помалку време читајќи им на помладите деца, како и учејќи ги на основните поими како азбуката или броењето. И додека ваквиот стил на одгледување не влијае на ставот и способноста на детето, сепак влијае на неговиот успех.

Вложувањето во интелектуалниот развој на првото дете има долготрајни позитивни ефекти на неговиот развој. Најстарото дете во повеќето случаи ќе има повисок коефициент на интелигенција од помладите браќа и сестри, а поголема е веројатноста, вели науката, подоцна во животот да стане директор или политичар.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе