Најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Најстудено изутрина во државава е во Маврови Анови, каде во 7 часот се измерени -12 степени, како и Попова Шапка со -11, Берово со -10, Крива Паланка со -9. 

Во Претор, Битола и Крушево температурата се спушти 8 степени под нулата,  -7 Тетово, -6 Охрид и Прилеп, -5 Струмица и Виница, -4 Скопје-Петровец, -2 Штип и Демир Капија, -1 Скопје – Зајчев Рид, а 2 степена во Гевгелија.

На Попова Шапка има 32 сантиметри снег, 15 во Маврови Анови, седум во  Крушево, а во Ѓуриште и  Пожаране пет.

УХМР најави дека претпладне ќе биде студено, а преку денот сончево со мала локална облачност која попладне ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер најизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе достигне од 2 до 9 степени.

Во Скопје сончево и претпладне студено со слаб до умерен северен ветер. Максималната температура ќе достигне 7 степени.

До утре попладне ќе се задржи стабилно и суво, со пониски утрински температури. Влажен и студен бран со врнежи од снег ќе се прошири од запад утре во вечерните часови и во текот на ноќта.

Поради ниските температури ќе има појава на голомразица. Во петок преку денот врнежите ќе завршуваат. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, каде насекаде ќе се формира снежна покривка, а на планините таа ќе се зголеми.

Помала снежна покривка ќе се формира и во останатите делови, освен во долниот дел на Повардарието.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Македонија

Времето денеска сончево и потопло

Read more

Почувствуван земјотрес во Скопје

Read more

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Read more

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Read more
 

Вести

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе