„Најтажната принцеза“ сместена во здравствена институција надвор од Монако

Принцезата Шарлин од Монако, која на почетокот од ноември се врати по повеќемесечниот престој во родната Јужноафриканска Република, се лекува во здравствена установа, надвор од кнежеството, пренесе AFP.

„Принцезата Шарлин некое време беше отсутна. По враќање од Јужноафриканска Република примена е во здравствена установа во која закрепнува од емоционална и физичка исцрпеност“, изјави за AFP извор близок до палатата, потврдувајќи ја изјавата на принцот Алберт која за People потврди дека принцезата е под лекарски надзор.

„Таа сфати дека за неа е најдобро да се одмори и да биде под докторски надзор, но не во Монако, поради дискреција. Од истата причина не можам да ви кажам нешто повеќе. Уморна е, не само физички. Потребни ѝ се одмор и мир“, изјави Алберт за People.

Во соопштението за јавноста објавено на 16 ноември, палатата објави дека парот се сложил дека за што поуспешно закрепнување на принцезата потребни ѝ се мир и одмор. Според пишувањата на некои медиуми, поддршка за лекувањето и дава рускиот милијардер Владимир Доронин, кој наводно ѝ помага да ја преброди брачната криза.

„Шарлин и Владимир се во контакт и минуваат многу време заедно“, изјави извор за The Sun.

Поранешната врвна пливачка Шарлин Линет Витсток е родена во 1978 година. За принцот Алберт Втори од Монако се омажи во 2011 година и заедно имаат две деца.

Алберт е син на принцот Рене Трети и Грејс Кели, американска филмска ѕвезда која загина во автомобилска несреќа во 1982 година.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе