Најжестоки воздушни напади врз Појасот Газа, загинаа 119 Палестинци

МИА/КАЈГАНА
/ 14.05.2021 / 10:14

Израелската војска рано утрово соопшти дека нејзините сили извршиле најсилни удари врз Појасот Газа од почетокот на конфликтот со екстремистите на таа палестинска територија.

Според Министерството за здравство во Појасот Газа, бројот на убиени Палестинци се искачи на 119, вклучувајќи 31 малолетник и 15 жени, а околу 830 лица се ранети.

Девет лица беа убиени во Израел, вклучувајќи две деца, еден војник и пет жени.

Околу 2.000 ракети и проектили се истрелани од Појасот Газа од понеделникот, според израелските медиуми.

Ноќта помеѓу четвртокот и петокот беа истрелани 220 ракети, од кои 30 паднаа во палестинска територија.

Десетици ракети насочени кон станбени области биле пресретнати од противракетниот систем „Железна купола“.

Израелски авиони истовремено извршија голем напад врз мрежата на тунели ископани од исламистички Хамас под градот Газа околу полноќ. Нападот траеше околу 40 минути, а 450 ракети беа истрелани кон 150 цели. Армијата соопшти дека големината на штетата сѐ уште не е утврдена. Израелскиот воен портпарол Хидаи Зилберман, објасни дека војниците сѐ уште се на израелска страна и не влегле во Појасот Газа и покрај претходните тврдења за спротивното.

Испукани се околу 500 артилериски гранати, заедно со 50 тенкови гранати.

Палестинците во Газа соопштија дека израелскиот напад траел еден час и дека има многу жртви.

Remote video URL

Портпаролот Зилберман изјави дека операцијата е резултат на разузнавачки информации и внимателно планирање.

Читајте наредно: Чиј е Ерусалим?

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе