Намален бројот на заразени, хоспитализирани и починати од COVID-19

Скопје, 5 април 2022 (МИА) – Продолжува намалувњето на бројот на заразени,  хоспитализирани и починати од COVID-19, покажува неделниот извештај на Институтот за јавно здравје за периодот од 28 март до 3 април 2022 година.

Тестирани се 14.873 материјали, а регистрирани сe 1.602 нови позитивни случаи од 30 градови во државата, што е намалување од 5,4% во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 4,2 % до 12,5%, просечно 10,2%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=893; 55,7%), а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 204,9/100.000, Делчево – 184,0/100.000 и Битола – 178,3/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години.

Во однос на претходната недела, најголемо зголемување на бројот на заболени се регистрира кај возрасните групи од 0-9 (13,7%) и 10-19 (11,6%), а најзабележително намалување во споредба со минатата недела се забележува кај возрасната група 20-29 (26,6%).

Со статус „оздравени“ се стекнале 1.706 лица во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 4,6% помалку во споредба со минатата недела (n=1.789). Вкупно се пријавени 272 реинфекции, со зголемување од 1,5% во однос на претходната недела.

Пријавени се 12 смртни случаи во 8 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (28.03-03.04.2022), за 45,5% помалку во однос на претходната недела (n=22). Најголем дел од нив се од Скопје (3). Во однос на возраста, регистрирани се 11 починати од возрасната група над 60 години и еден починат од возрасната група од 50-59 години.

Во „Лабораторијата за вирусологија и молекуларна дијагностика“ при ИЈЗ, во текот на изминатата недела, е изведен PCR тестот базиран на Single Nucleotide polymorphism со користење на Vir SNiP SARS-CoV-2 Spike S371L S373P за детекција на SARS-CoV-2 кај 92 позитивни примероци на SARS-CoV-2 од болнички и примероци од пунктовите.

Позитивните примероците се одбрани од тестираните позитивни во период од 28.03-02.04.2022 година од Скопје, Кавадарци, Тетово, Велес, Охрид и Гевгелија. Во 6 (6,5%) од испитуваните примероци е докажана BA.1 сублинијата на Омикрон. Во 86 (93,5%) од испитуваните примероци е докажана BA.2 сублинијата на Омикрон – позната уште и како „stealth“.

Според извештаите од болниците, моментално се хоспитализирани 71 лица (13,4% помалку во споредба со претходна недела), од нив 27 се на кислородна поддршка (18,2% помалку во споредба со претходна недела), а 5 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација (за 4 повеќе во споредба со претходна недела).

Заклучно со 3 април 2022, вакцинирани се вкупно 873.114 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 853.501 лица, а со трета доза се вакцинирани 154.693 лица.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе