Намирници богати со цинк за силен имунитет

Цинкот има важна улога за нашиот организам – го зајакнува имунитетот, но и помага во создавање на мирис и вкус. Спречува појава на алергии, ја намалува депресијата, има антивирусно и антибактериско дејство.

Тој е присутен во сите органи, а најмногу се содржи во еритроцитите(црвените крвни зрнца), коските, мускулите, црниот дроб и во простатата, кај мажите. Цинкот помага во производство на тестостерон.

Во комбинација со витамин Б го намалува производството на хистамин, што значи дека помага при алергии. Од цинкот зависат и некои од основните функции на телото, како што е зацелување на рани. Учествува и во разградување на алкохолот.

Храната богата со цинк го чува здравјето на нервниот систем. Овој минерал е важен за создавање на резерви на инсулин и ја поттикнува неговата функција.

Потребно е секојдневно да го внесувате цинкот преку исхраната бидејќи за разлика од некои други материи, телото не може да складира цинк. Човечкиот организам содржи околу 2-3 г цинк, а препорачаната доза за жените е 8 мг дневно. Кај бремените жени овој број се зголемува на 11 мг, а кај доилките 12 мг. Внесот на цинк за време на бременоста влијае позитивно на здравјето на мозокот на бебето.

Вегетаријанците треба да внимаваат на внесот на цинк, тие треба да земаат повеќе од 50% од препорачаниот дневен внес на цинк од храната.

Имунитетот го ослабнуваат и пушењето, хроничните болести, физички и психички стрес, неправилна исхрана, недоволна физичка активност.

Храна која е богата со цинк:

Јајца

Соја

Пивски квасец

Млечни производи – сирење, млеко и јогурт

Житарки

Школки, ракчиња, туна

Месни производи- пилешко, мисиркино, свинско и јагнешко месо

Семки – тиква, лубеница, сончоглед, чиа

Јаткасти плодови – кикирики, бадеми, ореви

Зеленчук – краставица, марула, маслинки, кромид, грашок, спанаќ, домат

Овошје – авокадо, банана, киви, јагода, праска

Какао.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Здравје

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more

Што ни се случува во телото ако не јадеме доволно зеленчук?

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе