Намирници кои не треба да ги купувате во продавница во лето

Храната како домати, бобинки, лубеници, пченка и дињи е највкусна во лето. Во текот на летните месеци, некои намирници треба да се избегнуваат да се купуваат во продавниците бидејќи се повкусни и поздрави доколку ги најдете на пазар или сами ги направите.

Тимот на Meatless Monday предлага кои намирници не треба да се купуваат во продавниците во лето.

Сушено овошје

Да, сушеното овошје е вкусно, но содржи шокантна количина шеќер. Затоа е подобро да се избере свежо овошје кое летно време ги преплавула пазарите, а се продава и на семејните фарми.

Готова лимонада

Лимонадата купена во продавница обично вклучува сируп од пченка со висока фруктоза и други конзерванси. Исто така, поскапа е отколку да ја направите сами, а нема ни толку освежителен вкус.

Билки

Билките, како што се босилокот, ориганото, магдоносот и рузмаринот, му даваат вкус на зеленчукот, сосовите и месото, но овие состојки може да бидат скапи во продавниците. Ако е можно, обидете се да одгледувате свои билки во дворот или на вашиот балкон.

Овошен сладолед

И децата и возрасните копнеат за ладно освежување во топлите летни денови. Ако со нетрпение го очекувате освежувањето во форма на сладолед, не мора да го барате во продавниците. Можете да набавите калап за сладолед, а потоа замрзнат овошен сок, овошно пире или јогурт измешан со овошје.

Кисели краставички

Како што се зголемува температурата, од клучно значење е да останете хидрирани. Киселите краставички се богати со сол, а консумирањето премногу сол може да доведе до висок крвен притисок и да предизвика зголемена функција на бубрезите и црниот дроб. Иако е во ред умерено да јадете кисели краставички, размислете да се одлучите за свежи во текот на летните месеци.

Веќе исечено овошје и зеленчук

Знаеме дека е примамливо да се купуваат парчиња овошје и зеленчук, но најдобро е да се избегнуваат тие пластични садови. Иако заштедуваат време за подготовка, тие обично се двојно или трипати поскапи отколку во необработена состојка. Дополнително, откако ќе се исечкаат, многу намирници почнуваат да губат на квалитетот или вкусот.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе