Направете сами: Домашен пилинг против сува кожа на рацете

Промената на времето често се одразува на кожата, особено на рацете. Кожата на рацете треба да се негува подеднакво како и на другите делови од телото бидејќи најмногу ги „издава“ годините.

Со овој домашен пилинг за раце ќе добиете мека, нежна и негувана кожа без да трошите пари на скапи козметички производи.

Состојки:

1 лажица кокосово масло

2 лажици сиров мед

1/4 шолја морска сол

1/4 шолја органски шеќер

1 лажица сок од лимон

Измешајте ги медот и кокосовото масло во еден сад. Во друг, помал сад, измешајте ги солта, шеќерот и сокот од лимон додека не добиете смеса слична на влажен песок. Додајте ја втората смеса во првата и мешајте додека текстурата не стане хомогена. Соберете го пилингот во тегличка со капак и чувајте го на суво и темно место.

Упатство за употреба

Земете од пилингот количина колку еден лешник. Измасирајте ги дланките 30 до 60 секунди со нежни движења. Не го заборавајте просторот меѓу прстите. Измијте со топла вода и исушете ги дланките со тапкање, не со бришење.

Кокосовото масло во требало да е доволно за да ја навлажни кожата, но ако чувствувате потреба за дополнителна хидратација, ставете тенок слој од кокосовото масло.

Повторувајте ја постапката еднаш до два пати неделно.

Тагови
реклама

Живот

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Read more

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Најопасниот предмет во светот: Само пет минути до него може да бидат фатални

Читај повеќе

Неделен хороскоп до 26 мај според рускиот астролог Павел Глоба

Читај повеќе

Дали сексот е подобар наутро или навечер?

Читај повеќе

Најдобрите замени за месо: Здрави протеини од растително потекло

Читај повеќе

Доктор предупредува на необичен симптом на прстите што не треба да се игнорира

Читај повеќе

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Читај повеќе

Кето диетата може да го забрза формирањето на „зомби“ клетки

Читај повеќе

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе