Наредната недела ќе се носат уредбите за третиот сет мерки

Скопје, 23 мај 2020 (МИА) – Уредбите за мерките од третиот сет треба да се донесат наредната недела, по што и на граѓаните ќе им биде објаснето како да ги користат. Дел од мерките според најавите треба да почнат да се применуваат во јуни – јули.

– Наредната недела ќе почне носењето на првите уредби за третиот сет економски мерки. Како ќе се носи уредбата, така ќе им се објасни на граѓаните. Граѓаните треба да бидат спокојни, тоа што е ставено во уредбите, ќе знаат точно на кој начин ќе може да го искористат. Тоа ќе биде најлесен начин за да ги искористат правата од овие мерки, изјави вчера премиерот Оливер Спасовски.

Според Владата, третиот сет економски мерки е за ревитализација на економијата кои имаат цел да го амортизираат ударот врз економијата.

-Сите мерки се креирани со јасно поставени цели и очекувани ефекти кои треба да ги дадат, како на краток така и на среден рок. При креирањето на мерките владата мислеше на сите – и на невработените, и на вработените со ниски примања, и на социјално ранливите категории, и на младите и на оние кои се најизложени во борбата – здравствените работници, и на приватниот сектор, погодените сектори, и на домашните компании, на македонскиот туристички сектор, на малите компании, на стартапите, на големите компании, на индустријата, на ИТ секторот на земјоделство кое има неискоирстен потенцијал, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска.

Дел од овој столб се и платежните картички и ваучерите за туризам кои треба граѓаните да ги добијат  до јули, а да се искористат до крајот на 2020 година. Во третиот пакет се 11 милиони евра за ваучери и пет милиони евра за платежни картички, ваучерите од 100 евра, а картичките 50 евра.

Со мерките за стопанството во програмата на владата има 150 милиони евра, од кои 25 милиони евра за платежната картичка, 60 до 65 милиони евра за поддршка на работодавачите за исплата на плати и дополнителни 50 милиони евра кои ќе се насочат за дизајнирање и креирање на навремени мерки.

Мерките според Владата се навремено и брзо. Првиот и вториот пакет опфаќаа 200 – 250 милиони евра, а третиот 355 милиони евра за 730.000 корисници. Вкупниот влог е 550 милиони ерва или 5 – 5,5 од БДП.

Министерот за економија Крешник Бектеши на прес-конференција апелираше граѓаните да ги користат мерките што ги нуди Владата со цел да се заштити домашното производство, заеднички да ги помогнеме туризмот и угостителството, производните  капацитети и компаниите кои се најпогодени.

реклама

Македонија

Чулев: На земјава ѝ се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Read more

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Read more

Филипче: Објавувањето број на новозаразени не смее да биде трка на ексклузивитет

Read more

Еден новозаболен и еден починат од COVID-19 во Прилеп

Read more

Вести

Чулев: На земјава ѝ се потребни избори, но здравјето на граѓаните е приоритет

Читај повеќе

125 нови заразени со коронавирус, 46 се од Скопје

Читај повеќе

Филипче: Објавувањето број на новозаразени не смее да биде трка на ексклузивитет

Читај повеќе

Еден новозаболен и еден починат од COVID-19 во Прилеп

Читај повеќе

Маж приведен во Скопје за навреда на полицајци

Читај повеќе

МЗ: Филипче не прикривал 20 случаи на заболени од COVID-19

Читај повеќе

Четиригодишно дете почина по пад од трактор

Читај повеќе

Маж од кавадаречко приведен за недозволено поседување оружје

Читај повеќе

Брегзит во ќорсокак – дали преговорите ќе пропаднат?

Читај повеќе