НАСА откри кога повторно ќе ја лансира ракетата Artemis на Месечината

Кајгана / МИА
/ 31.08.2022 / 08:39

НАСА соопшти дека во сабота повторно ќе се обиде да ја лансира џиновската ракета од новата генерација кон Месечината, откако првиот обид во понеделникот не успеа поради технички проблем.

Со дебитантското лансирање на огромната ракета во понеделникот требаше капсулата без екипаж да ја однесе на шестнеделен пробен лет околу Месечината и назад, 50 години по последната мисија на Apollo на Месечината.

-Договорот е дека ќе го промениме датумот на лансирање за сабота, 3 септември, рече на прес-конференција Мајк Сарафин, одговорен за мисијата „Artemis-1“, која го означува почетокот на американската програма за враќање на Месечината.

Прогласена за најмоќна и најсложена ракета во светот, џиновската ракета Space Launch System (SLS) претставува најголемиот нов систем за вертикално лансирање изграден од американската вселенска агенција, откако „Saturn V“ полета на Месечината за време на програмата Apollo во 60-тите и 70-тите години на минатиот век.

Капсулата Orion има симулиран екипаж од тројца – еден машки и две женски кукли – опремени со сензори за мерење на нивото на радијација и други стресови што би ги доживеале астронаутите.

Главната цел на мисијата е да се тестира издржливоста на топлинскиот штит на Orion за време на повторното влегување во атмосферата на Земјата со 39.429 километри на час или 32 пати поголема од брзината на звукот, при повторното влегување од орбитата на Месечината – многу побрзо од вообичаеното -влегување на капсули на астронаути кои се враќаат од ниските земјини орбити.

Програмата на НАСА Artemis – именувана по божицата која била сестра близначка на Аполон во античката грчка митологија – има за цел да ги врати астронаутите на површината на Месечината уште во 2025 година и да воспостави долгорочна лунарна колонија како отскочна даска за уште поамбициозните идни патувања со човечки екипаж на Марс. .

По повеќе од една деценија развој, со години одложувања и милијарди долари натфрлени трошоци од буџетот, вселенското летало „SLS-Orion“ досега НАСА ја чинеше најмалку 37 милијарди долари, вклучувајќи ги тука дизајнот, изградбата, тестирањата и објектите на земја. 

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе