НАСА пронајде дел од Challenger кој експлодира во 1986 година

Кај брегот на Флорида, американската агенција НАСА пронајде дел од вселенскиот шатл Challenger.

Станува збор за „нов“ дел од леталото, прво од 1996 година и веројатно најголемото пронајдено досега. Challenger експлодира кратко по полетувањето во јануари, 1986 година. Сите членови на екипажот загинаа.

ТВ екипата што работеше на документарец на History Channel за Бермудскиот триаголник забележа дел од леталото во близина на Кејп Канаверал во март. Снимката ја погледнал и Мајкл Чанили од НАСА и идентификувал дека станува збор за Challenger.

„Ми застана срцето, морам да кажам дека глетката ме врати во 1986 година. Се сетив низ што сè моравме да минеме како нација“, изјави тој за AP.

Challenger беше лансиран на 28 јануари 1986 година и настанот беше пренесен во живо ширум САД. По само 73 секунди од полетувањето се случи експлозија, а истрагата покажа дека неочекувано ниските температури предизвикале проблем со ракетата.

Подоцна беа пронајдени остатоци од леталото, тешки околу 107 тони. Два фрагменти од левото крило беа исфрлени покрај брегот во 1996 година и тоа беа последните пронајдени делови сè до најновото откритие.

Станува збор за дел со големина од 4,5 метри квадратни, закопан во песок. Чанили верува дека се работи за трупот на Challenger.

Remote video URL
Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе