„Наша гордост. Наша одговорност“ - Скопско со нова акција за чисто Охридско Езеро

„Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа - НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT, која првично беше претставена во декември минатата година. Платформата е создадена со една единствена цел - преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.

Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско Езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0,5 л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо придодно обележје. Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското Езеро – реката Сатеска и реката Даљан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.

„Идејата на оваа кампања е на еден широк и инклузивен начин да ги вклучиме сите љубители на Скопско – со купување на омиленото пиво директно да ја поддржат заложбата и да се вклучат во остварување на идејата за долгорочно одржување на чисто Охридското Езеро. Ова е почеток на кампањата, но во годините што следат фокусот ќе биде и на останатите природни и културни обележја. „Крајната цел е преку заедничка акција да допринесеме до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити“, изјави Марта Завкова, Сениор Бренд Менаџер на Скопско.

Реализацијата на овој проект е во соработка со клучните партнери Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид, Струга и Дебарца, како и волонтерите.

Remote video URL

„Полека, но сигурно, идејата за чиста и зелена иднина позитивно се одразува кај сите, па иако нè чека уште многу работа, секој чекор напред е важен! Во овој момент едукацијата за циркуларна економија е особено важна, а токму преку собирање, селектирање и рециклирање на отпадот може да се придонесе кон почиста средина“, изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба. Повеќе информации за платформата и планираните акции може да најдете на skopsko.mk.

реклама

Промо

„Телеком наградува“ - Секоја недела шанса за нов iPhone 17

Read more

Македонски Телеком испраќа силна порака во новиот видео спот: Никој не се раѓа со предрасуди

Read more

Најновите трендови за уредување домови во Македонија

Read more

Нови промотивни услови за потрошувачки и станбен кредит од Шпаркасе Банка

Read more
 

Ново

Храна за подобро здравје на цревата, по препорака на нутриционисти

Читај повеќе

Селекторот на Шкотска до навивачите: Немојте да се задолжувате за да одите на Мундијалот

Читај повеќе

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Читај повеќе

Банкрот за производителот на роботски правосмукалки Roomba

Читај повеќе

Вечерва ќе се оддржи јубилејната петта Златна Олимпија посветена на најуспешните жени во спортот

Читај повеќе

Портокалот и неговите придобивки

Читај повеќе
  • play_arrow

Сега и никогаш повторно: Како да ја видите кометата 3I/Atlas кога ќе помине покрај Земјата?

Читај повеќе
  • play_arrow

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Читај повеќе

За Свети Никола: Посна верзија на руската салата

Читај повеќе