Насмеани, а депресивни: Како да ги препознаете знаците на најопасната депресија?

Зад насмевката понекогаш се крие најголемата тага. Еве како можете да им помогнете на луѓето кои страдаат од т.н. насмеана депресија.

Првата помисла за депресијата е тага, мрак, очај, но исто така и за самоубиствени мисли. Сепак, понекогаш депресијата не може да се забележи затоа што се крие зад маската на среќата и насмеаното лице.

Колку пати сте виделе насмеани лица на социјалните мрежи, а подоцна сте откриле дека тоа било само илузија на среќа и дека таа личност се бори со депресија или уште полошо, сте дознале дека извршила самоубиство.

Станува збор за таканаречената насмеана депресија. Луѓето кои страдаат од оваа депресија се луѓе со значителни достигнувања, добро образование, партнерство или брак.

Многумина ја кријат својата состојба од страв од дискриминација. Зад нивната насмеана маска, умот е исполнет со мисли за недостаток на вредност, несоодветност и очај.

Што е насмеана депресија и зошто е опасна?

Насмеаната депресија е форма на депресија кај луѓе кои честопати не се ни свесни дека се депресивни. Тие обично успешно ги извршуваат секојдневните активности, разговараат, се смеат и оставаат впечаток дека се среќни и весели додека страдаат длабоко во себе.

Бидејќи нивното страдање не им се забележува на лицето, пријателите и семејството воопшто не се сомневаат во депресија.

Постои голема врска помеѓу насмеаната депресија и самоубиствените мисли, и тоа е најлошото. За разлика од „класичната“ депресија, оние кои страдаат од насмеана деспресија имаат енергија да ги реализираат самоубиствените нагони. Исто така, бидејќи најчесто не покажуваат знаци на депресија или и самите не си го признале тоа, помала е веројатноста да побараат или да прифатат помош.

Иако често изгледаат полни со енергија и ентузијазам, кога се сами со себе, зад затворени врати, луѓето кои страдаат од насмеана депресија се чувствуваат очајно и безвредно.

Знаци на насмеана депресија

Иако насмеаната депресија може долго време да се крие зад маската на среќата, постојат начини да ја препознаете, кај себе и кај другите. Ако овие симптоми/знаци се повторуваат речиси секојдневно во континуитет од две недели, побарајте стручна помош за себе, односно за блиската личност.

  • намален интерес за хоби и активности што претходно (сте) ги сакале
  • промени во тежината и апетитот (нагло дебелеење и слабеење)
  • чувство на постoјан умор и губење на концентрацијата
  • несоница или претерано спиење
  • негативни мисли
  • принудна и неприродна среќа

Како можете да помогнете?

Прво, на овие луѓе им треба помош за да разберат дека имаат проблем. Многу луѓе не сакаат да признаат дека се депресивни затоа што се плашат дека ќе изгледаат слабо. Дајте им на знаење дека ги сакате и поддржете ги.

Слушајте внимателно

Ова значи дека треба активно да ја слушате личноста на која сакате да ѝ помогнете, давајќи ѝ до знаење дека ја слушате и ја разбирате што ви кажува. Обидете се заедно да размислите кои чекори можете да ги преземете за да се справите со ситуацијата. Понудете ја вашата помош ако мислите дека можете да направите нешто.

Помогнете да си ја подобрат самодовербата

Некои експерти сугерираат дека нашето самопочитување е нашиот „емоционален имунолошки систем“, а кога ќе се расипе, се чувствуваме слаби и депресивни. Обидете се да му помогнете на вашиот пријател или роднина да најде значајна активност или проект што може да им помогне повторно да се чувствуваат продуктивни и успешни.

Посветете повеќе внимание на вашите најблиски

Се чини дека една или две пораки што си ги испраќаме едни на други се доволни во нашето модерно темпо на живот, но не е така. Јавете им се на пријателите и семејството секогаш кога ќе се сетите на нив, прашајте ги како се, дали се во ред. Бидете присутни внимавајте да не ги пропуштите алармантните симптоми.

Обидете се да ги охрабрите да живеат нормално

Предложете да правите нешто заедно. Одете заедно на шопинг, во театар или трчајте заедно. Можете да му помогне на вашиот пријател да се чувствува подобро.

Охрабрете ги да се хранат здраво и да вежбаат

Луѓето со депресија можеби не сакаат да одат во теретана, но вежбајте со нив дома или закажете ја оваа активност да ја правите секој од дома, преку видеоврска.

Охрабрете ги да побараат помош

Терапевт ќе може да му помогне на вашиот пријател или роднина побрзо и поефикасно во борбата против депресијата. Дозволете им на вашите сакани да разберат дека нема ништо лошо во барањето професионална помош: не е срамота и не ги прави слаби.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе