Наставничка од САД се бакнувала и допишувала со ученик, му испраќала фотографии на кои била гола

Макфакс
/ 18.04.2023 / 18:29

Мажена жена која работела како замена на наставничка во Оклахома е обвинета за развратни дела и испраќање „голи“ фотографии на 15-годишен ученик.

Ема Дилејни Хенкок (26), поранешна учителка во училиштето Велстон, почнала да му праќа пораки на малолетникот во октомври 2022 година.

Преписката започнала со испраќање пораки на кои Хенкок на 15-годишшното момче му испраќала домашни задачи. После неколку недели, тинејџерот ѝ испратил на наставничката фотографија на која е без кошула.

Хенкок одговорила: „Дали сега испраќаме полуголи слики?“, на што тинејџерот напишал: „Не знам, праќаме ли?“. Таа тогаш му рекла дека може да остане без работа, пишува Daily Mail.

Во обвинението се наведува дека по оваа размена Хенкок и тинејџерот почнале почесто да разменуваат „голи“ фотографии и видеа од сексуални активности, а во два наврата се бакнувале и се допирале додека биле во училница.

Во обвинението се наведува и дека 15-годишникот во еден момент му кажал на својот пријател за врската со Хенкок. Кога друг ученик ја прашал дали е вистина, таа прво го погледнала, но потоа признала. Наводно му рекла на ученикот дека врската не е проблематична бидејќи нема да бидат фатени, пренесува медиумот.

Хенкок е омажена со началникот на полицијата во градот, Алфред Хенкок.

Таа беше обвинета за недолично однесување кон малолетник и поттикнување на сексуални активности.

Се појави на суд во четвртокот, а потоа плати кауција за да остане на слобода за време на судењето.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе