НАТО распоредува воени резерви на Косово

НАТО распореди резервни војници во својата мисија КФОР на Косово, соопшти денеска еден од командантите на мисијата, во пресрет на крајниот рок за воведување на регистарските таблички што го воведоа косовските власти, на што се противат локалните Срби.

Претходните обиди да се воведат регистерски таблички на северот на Косово со мнозинско српско население доведоа до судири меѓу полицијата и Србите кои поставија блокади на патиштата летово.

Тие беа отстранети кога мировниците на НАТО се вклучија во следењето на процесот, а косовските власти го продолжија рокот до 31 октомври. Како што се приближува тој датум, се зголемуваат стравувањата од конфликт меѓу Косово и Србија, повеќе од 20 години откако НАТО ја бомбардира Србија за да го запре насилството врз албанското мнозинство на Косово.

„Како дел од нормалното планирање на распоредувањето на силите, има резерви обучени да дојдат овде“, им рече на новинарите во кампот Бондстил командантот на источниот сектор на КФОР, полковник Кристофер Самулски.

Околу 3.700 мировници на НАТО моментално се распоредени во поранешната српска покраина за да спречат насилство меѓу етничките Албанци и Србите. Американскиот офицер не прецизираше колку дополнителни војници пристигнале во Косово, но спомна единица „со големина на баталјон“. Еден баталјон обично се состои од 500 до 1.000 војници.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Регион

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе