Научници испечатија 3D фоликули - се зголемуваат надежите за лек за ќелавост

Научниците ги испечатија првите 3D фоликули на коса, што ги зголеми надежите за „лек“ за ќелавост.

Истражувачи од САД за прв пат испечатија 3D фоликули на коса во ткиво на човечка кожа. Ова е голем чекор напред, а исто така и поттик за тестирање на лекови и пресадување кожа.

Д-р Панкаџ Каран, вонреден професор по хемиско и биолошко инженерство, кој ја водел студијата, вели: „Нашата работа е доказ за концептот дека структурите на фоликулите на косата може да се создадат на многу прецизен, репродуктивен начин со користење на 3Д биопечатење“.

Овој тип на автоматизиран процес е потребен за да се овозможи идното биопроизводство на кожа. Реконструкцијата на фоликулите на косата со помош на човечки клетки е предизвик.

„Некои студии покажаа дека ако овие клетки се одгледуваат во тродимензионална средина, тие потенцијално можат да произведат нови фоликули на косата, а нашата студија се надоврзува на оваа работа“, додава тој.

Фоликулите на косата помагаат во одржувањето на влагата, ја регулираат телесната температура и складираат матични клетки кои ѝ помагаат на кожата да заздрави кога е повредена.

Тим од Политехничкиот институт „Ренселаер“ во Њујорк сакал да најде начин да создаде кожа што носи фоликули користејќи техники за 3D печатење на клеточно ниво.

Дозволиле примероците од кожата и клетките на фоликулите да се делат и да се размножуваат во лабораторија додека не добијат доволно за печатење. Секој вид потоа се меша со протеини и други материјали за да се создаде „био-мастило“.

Кожата потоа била испечатена, слој по слој, со многу фина игла, додека биле создадени и канали за таложење на влакнести клетки. Моменталниот животен век на овие ткива е две до три недели, што не е доволно време за да се развие коса.

Сепак, истражувачите се надеваат дека ќе го продолжат овој период, дозволувајќи им на фоликулите дополнително да созреат и на крајот да расте косата.

Тагови
реклама

НАЈДИ МЕ - Систем за рано предупредување за исчезнати деца во Македонија

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Како правилно се јаде јапонско јаболко?

Read more

Ретрограден Меркур им ги враќа бившите на 4 хороскопски знаци

Read more

Вести

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Read more

Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Read more

Кина гради подводен дата центар со моќност од шест милиони компјутери

Read more

Не биле дивјаци, туку како нас: 5 откритија што го објаснуваат животот на неандерталците

Read more
 

Гик

Google в петок ги брише сите стари кориснички сметки

Читај повеќе

10 занимливости за Наполеон што веројатно не ги знаете

Читај повеќе

Метеж во орбитата на Земјата - на повидок сообраќајни правила и во вселената

Читај повеќе
  • play_arrow

Кина гради подводен дата центар со моќност од шест милиони компјутери

Читај повеќе

Не биле дивјаци, туку како нас: 5 откритија што го објаснуваат животот на неандерталците

Читај повеќе

Новогодишна понуда на Телеком за вистинско поврзување

Читај повеќе

Историчарите спорат: Еден римски цар бил трансродово лице

Читај повеќе

Заштитете го вашиот профил на Gmail да не останете без него по 1 декември

Читај повеќе

Конечно скокна продажбата на телефони

Читај повеќе