Научно потврдено: Ситните честички пластика стигнуваат до мозокот

Истражувачите при Медицинскиот универзитет во Виена (МедУни Вин) утврдија дека ситните честички пластика стигнуваат и до мозокот.

Истражувањето, чии резултати се објавени во стручното списание Nanomaterials, било спроведено на животински модел со орални дози на микропластика и нанопластика од полистирен, широко распространет вештачки материјал кој меѓу другото се користи и за пакување на храна.

Откриено е дека ситните честички може да се откријат во мозокот веќе два часа по консумирањето. Начинот на кој микропластиката и нанопластиката ја пробиваат крвно-мозочната бариера претходно беше непознат во медицината.

Со помош на компјутерски модели, виенските научници откриле дека одредена структура на површината е клучна за преминување на пластичните честички во мозокот. Крвно-мозочната бариера е важна клеточна граница која го штити мозокот од навлегување на токсини и патогени. Слична заштитна бариера како мозокот има и цревото - цревната слузница, која, како што е откриено преку научни истражувања, може да ја преминат мали пластични честички.

Честичките од нанопластика и микропластика во дигестивниот систем се поврзани со локални воспалителни и имунолошки реакции и со појава на рак. Пластичните честички во мозокот би можеле да го зголемат ризикот од воспаленија, невролошки проблеми или дури и невродегенеративни болести како Алцхајмерова или Паркинсонова болест, а итно се потребни дополнителни истражувања во оваа област, нагласија научниците од Медицинскиот универзитет во Виена.

Пластичните честички помали од 0,001 милиметар се нарекуваат нанопластика, а оние до 5 милиметри се нарекуваат микропластика и се видливи со голо око. Нанопластиката и микропластиката влегуваат во нашиот синџир на исхрана, меѓу другото, од амбалажниот отпад.

Како што покажа истражувањето, лицето кое пие дневна препорачана количина од 1,5 до 2 литра вода годишно внесува 90.000 мали пластични честички. Луѓето што пијат вода од чешма се во малку поповолна положба, па внесуваат околу 40.000 честички годишно.

Со цел да се намали можната штета на микропластиката и нанопластиката за луѓето и животната средина, важно е да се ограничи нивното ширење и употреба, а во исто време да се продолжи со истражување на ефектите од малите пластични честички. Откриениот механизам за надминување на заштитните бариери во телото може решително да го унапреди ова истражување, посочува научниот тим од МедУни Вин.

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе