Навики кои помагаат да се намали ризикот од дијабетес

Голем број луѓе боледуваат од дијабетес, еден од пет луѓе не знае дека ја има оваа болест. Ако не се лекува, може да доведе до големи здравствени проблеми. Затоа, препознавањето на симптомите е клучно долгорочно гледано.

Дијабетесот тип 1 е автоимун дијабетес и се јавува затоа што телото ги напаѓа клетките кои произведуваат инсулин. Дијабетесот тип 2 настанува затоа што телото не може правилно да го користи инсулинот, станува поотпорно на него и на крајот произведува малку или воопшто не произведува инсулин.

Преддијабетесот е предизвикан од зголеменото ниво на инсулин во крвта, а доколку оваа состојба не се препознае навреме, се развива дијабетес тип 2, тврдат експертите.

Тие истакнуваат дека урамнотежениот начин на живот, кој вклучува здрава исхрана и редовно вежбање, може да помогне да се намали ризикот од компликации поврзани со дијабетесот.

Симптоми на дијабетес

Зголемено мокрење и жед

Откако ќе се развие дијабетес тип 2, клетките на панкреасот, кои лачат инсулин, почнуваат да умираат, а телото се обидува да го отстрани вишокот шеќер од крвта со повеќе мокрење, а потоа доаѓа до зголемена жед.

Зголемен глад

Иако нивото на шеќер во крвта расте, шеќерот не стигнува до мозокот, па тоа е сигнал до хипоталамусот дека на телото му треба повеќе храна.

Правилна урамнотежена исхрана

Ако јадете урамнотежена исхрана, поголема е веројатноста да го намалите ризикот од хронични болести како што е дијабетесот.

Додадете повеќе зеленчук без скроб, како зелена салата и посни протеини кои се наоѓаат во храната како лосос и пилешко во вашата исхрана.

Редовно вежбање

Вежбањето е една од најважните компоненти на здравиот начин на живот бидејќи помага да се подобри физичкото и менталното здравје.

Тоа е особено важно за луѓето со дијабетес, бидејќи помага да се намали шеќерот во крвта, може да го намали нивото на шеќер до 12 часа. Затоа, вклучете 30 минути пешачење, танцување или некоја друга активност во вашата дневна рутина.

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе