Навики на успешните луѓе кои напредуваат на работа

Кога ги усогласувате вашите цели, работите продуктивно и се трудите да бидете тимски играч, имате многу можности да ја надраснете својата улога на работното место.

Не е лесно да добиете унапредување на работа… или барем вие така сметате. Вашиот труд, перформанси и молскавично брз напредок ви гарантираат напредок на работното место. Луѓето кои достигнуваат толку големи височини имаат одредена рутина.

Да ги погледнеме навиките на успешните луѓе.

Тимски играч

Работете со колегите колку што можете повеќе, па ќе бидете подобри во работата. Кога сте способни да размислувате и да работите заедно со другите без да создавате проблеми, тоа покажува дека сте способни да се прилагодите на секоја средина, а тоа е многу важна вештина.

Наоѓање решенија

Способноста за брзо решавање на проблемите е квалитет што работодавците го бараат кај врвните вработени. Ако сте способни да ги решите проблемите навремено, дури и во најтешките ситуации, можеби сте подготвени за унапредување.

Лидерски способности

Работодавците често гледаат колку можете да влијаете на другите со вашите зборови и дела. Силните лидерски вештини се особина што ја бараат шефовите. Исто така, постои огромна разлика помеѓу „да се биде шеф“ и „да се биде добар лидер“. Обидете се да ја откриете разликата и фокусирајте се на тоа да бидете добар лидер.

Секогаш сакате да научите повеќе

Луѓето кои добиваат унапредување секогаш покажуваат желба да стекнат повеќе знаење од поискусните колеги и фелата. Таквите луѓе се обидуваат да ја зграпчат секоја можност за знаење, за побрзо да се искачат на скалилата на успехот.

Подготвени за успех

Не очекувајте вашиот менаџер да знае дека сакате унапредување. Запомнете, таа промоција значи многу поголема одговорност и повеќе работа. Затоа, доколку сте подготвени за тоа, дозволете вашата работа и постапки да покажат дека сте подготвени да го прифатите предизвикот и да се подготвите за следниот чекор напред. Ако не успеете да ги пренесете вашите цели и амбиции до вашиот менаџер, тогаш и унапредувањето ќе изостане.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Живот

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Read more

Како да се справите со колеги кои се многу бучни на работното место?

Read more
 

Магазин

Почина Пол Остер, авторот на познатата The New York Trilogy

Читај повеќе

Изгубени во преводот

Читај повеќе
  • play_arrow

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Читај повеќе

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Читај повеќе

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе