НБА ОЛ-СТАР 2024

НБА одлучи: Ол-стар натпреварот во 2026 година ќе се игра во новиот дом на Клиперс

Ол-стар натпреварот на НБА лигата во 2026 година ќе се игра во Лос Анџелес, објавено е на официјалниот сајт на натпреварувањето.

Ол-стар натпреварот во НБА во 2026 година ќе се игра во новиот „Интуит Доум“ на Лос Анџелес Клиперс во Инглвуд, а Ол-стар натпреварот е предвиден да се игра на 15 февруари 2026.

НБА потсетува дека Ол-стар викендот ќе се игра во Лос Анџелес по седми пат, а за прв пат во „Интуит Доум“ кој ќе биде отворен пред почетокот на следната сезона. Клиперс планираат да се вселат во новата арена во јуни годинава. Свеченото отворање на новата сала е планирано за август.

Комесарот на НБА, Адам Силвер, помина еден час во обиколка на локацијата заедно со претседателот на ЛА Клиперс, Стив Балмер, претседателот на Клиперс за деловни операции, Џилиан Зукер, градоначалникот на Лос Анџелес, Карен Бас и градоначалникот на Инглвуд, Џејмс Батс.

URL

„Добрата вест е што во арената ќе се одигра кошаркарска сезона пред Ол-стар натпреварот и тоа ќе биде можност да се увериме дека сè е на ниво. Ќе беше поризичен предлог ако одлучевме дека Ол-стар натпреварот ќе се игра тука следната сезона“, рече Силвер.

Ол-стар викендот во 2026 година ќе започне на 13 февруари со натпреварот на ѕвездите во подем, ден потоа ќе следи натпреварот за вештини, 3 поени и забивање, а последниот ден и Ол-стар натпреварот на 15 февруари.

Годинава Ол-стар викендот ќе се одржи во Индијанаполис, а во Сан Франциско наредната 2025 година.

Тагови
реклама

Кошарка

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе