Не ги игнорирајте: Помалку познати симптоми на рак на дојка

Ракот на дојка уште е една од најтешките и најчестите форми на рак кај жените.

Ракот на дојката, како и многу други форми на рак, може да се излечи доколку се открие во почетната фаза на болеста.

Во продолжение прочитајте кои се необичните и помалку познати знаци на рак на дојка. Важно е да се разбере дека постои цела низа симптоми на рак на дојка за да можат навреме да се препознаат и потоа навреме да се тестираат.

Повлекување на брадавицата

Вовлечената брадавица може да укаже на канцероген израсток. Во овој случај, брадавиците не се насочени кон надвор, туку навнатре или рамни. Ова може да се случи само на едната или на двете гради.

Постојат многу причини за оваа појава, од бактериска инфекција до вродена мана, но во случај на рак на дојка, брадавицата наеднаш се вовлекува и може да го промени и изгледот и бојата.

Дупчиња на кожата

Вовлекување на кожата значи дека кожата на брадавицата е како кожа од портокал, а потоа има сосема поинаква текстура од нормалната. Ова е знак за воспалителен карцином на дојка.

Чувство на печење

Ако вашите гради се топли и отечени, ова може да укажува на рак на дојка. Ова чувство е еден од класичните знаци на воспалителен рак на дојка. Во исто време, дојката е чувствителна на допир, а лицето може да почувствува остра болка.

Исцедок од брадавиците

Исцедокот од брадавиците може да биде крвав или може да биде течност како млекото, дури и ако не доите. Како и другите симптоми, исцедокот од брадавиците може да се појави и од други причини, но доколку опстојува подолго време, препорачливо е да посетите лекар и да се тестирате.

Зборувајќи за другите знаци на рак на дојка, треба да се нагласи дека грутка на дојката и понатаму е главен показател и симптом на овој рак. Сепак, треба да се забележи дека и други работи можат да ги предизвикаат овие грутки.

„Дури 90% од туморите на дојката не се канцерогени. Неканцерозните абнормалности на дојката вклучуваат бенигни тумори како што се фиброаденоми и цисти, како и инфекции“, велат од СЗО.

Ракот на дојката може да се прошири на други делови од телото. Првото место на кое се шири ракот на дојката се лимфните јазли под пазувата. Со текот на времето, може да се прошири на белите дробови, црниот дроб, мозокот и коските.

реклама

Здравје

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Read more

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Read more

Два пијалака кои се најлоши за здравјето на цревата

Read more
 

Магазин

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Читај повеќе

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Читај повеќе

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Читај повеќе

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Читај повеќе

Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60%

Читај повеќе

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Читај повеќе

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Читај повеќе

Мастурбирањето го намалува ризикот од рак на простата

Читај повеќе

Како да ги научите децата да читаат повеќе?

Читај повеќе