Неандерталски резби стари 57.000 години најдени во пештера во Франција

Трагите откриени на ѕидовите на една пештера во Франција се „организирани и намерни“ и веројатно биле направени од неандерталци пред повеќе од 57.000 години, велат научниците.

Тие траги, пронајдени на ѕидовите на пештерата Ла Рош-Котар во северна Франција, се смета дека се најстарите познати резби направени од изумрен човечки роднина.

Истражувачите рекоа дека нивните наоди, објавени во списанието Plos One, даваат дополнителни докази дека неандерталците биле „комплексни и разнолики битија“. Авторите пишуваат дека петнаесет години по продолжувањето на ископувањата на локалитетот Ла Рош-Котар, „откриени се резби кои датираат од пред повеќе од 57.000 години...што ја прави најстарата пештера со гравури во Франција, ако не и во Европа“.

За студијата, Жан-Клод Маркет од Универзитетот на Тур во Франција и неговите колеги ги анализирале ѕидните ознаки. Заклучиле дека биле намерни, врз основа на нивната форма, растојание и распоред.

„Не знаеме точно што претставуваат овие форми“

Откриените ознаки беа кружни, точки, триаголни и брановидни. Организираните и намерни форми можат да бидат симболични креации, велат истражувачите, но додале дека не можат со сигурност да кажат „дали (тие форми) претставуваат симболично размислување“.

„Сепак, нашето разбирање за односот меѓу неандерталците и симболите, па дури и естетските домени, претрпе значителна трансформација во последните две децении, а трагите зачувани во пештерата Ла Рош-Котар даваат нов и многу важен придонес за нашата знаење за однесувањето на неандерталците“.

Тимот, исто така, ги датира пештерските седименти и заклучи дека пештерата Ла Рош-Котар била затворена поради полнење на седимент пред околу 57.000 години, долго пред модерните луѓе да се населат во регионот. Ознаките, заедно со камените алатки пронајдени во пештерата, даваат „силен доказ дека овие гравури се дело на неандерталците“, велат истражувачите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Наука

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе